По средбата со работните групи

Дескоска: Нема напредок во разговорите за СЈО

Нема напредок во разговорите за законот за јавно обвинителство, изјави минситерката за правда, Рената Дескоска во Собранието по средбата на работните групи

„Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите кои ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се оденсуваат токму на ова прашање. Желбата на другата страна е овие предмети да не завршат ефикасно. Нашите црвени линии се дека правдата мора да дојде, без разлика кој ќе ги заврши“, истакна Дескоска.

Таа потсети на предлогот на Владата, статусот на СЈО да се реши преку негово фузионирање со Обвинителство за организиран криминал.

„СЈО да се спои со ова обвинителство и тоа го понудивме во разговорите. Разговаравме и за мандатите на обвинителите, за статусот на лицата вработени неопределено во СЈО, идејата е тие лица да го продолжат својот работен век, да нема законско прекинување на работата. За истражителите во игра се две опции, да се префрлат целосно во Обвинителството за организиран криминал или да се вратат во МВР од каде се дојдени, а потоа да се формира истражен центар во рамки на обвинителството за органзиран криминал“, рече Дескоска.

Министерката нагласи дека нема согласнсот околу предметите кои ги води СЈО.

„Нашиот предлог е тие предмети да бидат трансферирани и да продолжат од точката до која се стасани во СЈО, да нема одолговлекување и застој во постапките. Забелешките кои ги има ВМРО-ДПМНЕ порачавме да ги преточи во амндмани. Законот утре влегува во собраниска процедура, амандманите треба да бидат поднесени до четврток. Се надевам дека утре сите политички партии ќе смогнат сили да водат сметка за иднината на нашата држава на патот на евроинтеграциите и дека ќе се донесе овој закон “, истакна министерката за правда.

Според неа, обвинението за Катица Јанева во „Рекет" не треба да фрла сенка врз инситутцијата во која работела.

„Личната одговорност не треба да се врзува со колективната. Опстанокот на една инстутуција не треба да зависи од една личност. Секој лично ја сноси својата одговорност. Ако е така ниту една институтција немаше да опстане во Македонија, имајќи предвид што се се случувало во последните 11 години “, рече Дескоска.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе