СПОРЕД ЕМСЦ

Денеска Скопје погодено од девет земјотреси, најсилниот беше во 15.10 часот

Вечерва во 20.57 часот е почувствуван уште еден земјотрес во Скопје, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), со седиште во Франција. 

Според податоците што се објавени на интернет страницата на Центарот, денеска во Скопје и околината се регистрирани 9 потреси. Најсилниот, според ЕМСЦ, бил во 15.10 часот со јачина од 5,2 степени.

Првиот потрес е регистриран во 6.58 часот со јачина од 4,2 степени, а потоа следуваат потресите во 7.00 од 2,8 степени, па оној во 15.10 часот. По овој најсилен потрес, регистрирани се серија послаби земјотреси, кои сепак се почувствувани во Скопје.

Во 15.14 часот имало земјотрес со јачина од 2,9 степени, пет минути подоцна, во 15.19 часот од 2,8 степени, потоа во 15.30 часот со 2,1 степен.

Според информациите на ЕМСЦ, по овој следувале уште три земјотреси и тоа во 16.07 часот со јачина од 2,6 степени, па во 16.45 часот со 2,4 степени и вечерва во 20.57 часот со 2,1 степен.

Серијата земјотреси внесе страв и паника кај жителите на Скопје. Во болниците стотина граѓани се јавиле со повреди, главно поради искршеници и расекотини кои ги добиле додека бегале од домовите, пријавени се повеќе испукани ѕидови, а од еден паднат оџак настрада паркиран автомобил. 

Во Скопје се затворени трговските центри, а голем број жители се уште се на отворено, во парковите. 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе