Време

Денеска облачно и врнежливо, од утре снег

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините снег, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде локално ќе наврнат над 15 л/м2. Ќе дува умерен јужен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 4 Целзиусови степени во Маврово, Скопје 14, Охрид 11, до 18 степени во Дојран.

За утре временската прогноза е облачно и студено време со врнежи од снег и дожд. На повеќе места уште претпладне ќе се формира снежна покривка. Дневните температури ќе се движат од 1 до 7 степени.

И во петок ќе имаме студено време со повремени слаби врнежи од снег и дневни температури од 1 до 8 степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег во западните делови од земјата. Дневните температури ќе се движат од 2 до 9 степени.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе