Време

Денес сончево и топло со температури до 29 степени

Во Македонија денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а највисоката дневна температура ќе се искачи до 29 степени. Под влијание на висок воздушен притисок и утре ќе продолжи сончевото и топло време со невообичаено високи температури за овој период од годината. 

Утринските температури ќе се движат од 4 до 12 степени во сабота, односно од 3 до 11 степени во недела, додека пак максималните дневни денес ќе бидат од 21 до 29, а утре се очекуваат дневни температури од 20 до 28 степени.

Во недела во доцните попладневни и во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста. Во понеделник и вторник под влијание на циклонска циркулација нѐ очекува промена на временската состојба, продор на влажна и постудена воздушна маса која што ќе услови поинтензивни врнежи од дожд локално и над 20 литри и осетен пад на температурите, кои што на планините над 2.000 метри ќе донесе и врнежи од снег.

Ќе дува и засилен северен и северозападен ветер што ќе достигне брзина и до 40 километри на час. Во понеделник минималните температури ќе бидат од 5 до 13 степени, а максималните од 12 до 19 степени, додека пак во вторник утринските од 2 до 10 степени, а дневните од 9 до 17 степени. 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе