Пресврт на времето

Денес сонце и температури до 27 степени, од утре попладне дожд и снег на планините

Времето во Македонија денес ќе биде сончево и топло со тепература до 27 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен. Според УХМР, од понеделник следи значителна промена на времето проследена со пониски температури, дожд и снег на планините. 

Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 4 до 25 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.

Во понеделник попладне во источните и југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и ноќта ќе го промени правецот во северен. Во вечерните и ноќните часови на високите планини на север врнежите ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во вторник, на повисоките планини во северозападните делови ќе има повремени врнежи од снег.

Ќе дува и засилен северен ветер, кои ќе предизвика значително намалување на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени.

 

 

 

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе