Основен суд Скопје 1

Денес пресуда за напаѓачот на Шекеринска

Основниот суд Скопје 1 денес треба да ја објави пресудата за Панче Ангелов кој е обвинет за напад на тогашната пратеничка, а сегашна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. На минатото рочиште обвинетиот Ангелов се изјасни за виновен за нападот на Шекеринска.

Тој е еден од напаѓачите, кои за време на насилството во Собранието ја повлече за коса Шекеринска, откако беше удрена со метален статив по глава.

Според обвинението Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес-салата. Најпрво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шекеринска, а фрлил и шише кон други пратеници. И двајцата се здобиле со тешки телесни повреди. 

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе