Денес на пладне Врховен ќе расправа дали СЈО може да ги користи т.н. „бомби” во судска постапка

Врховниот суд за денес напладне закажа општа седница на која ќе разгледува дали снимките од т.н. бомби Специјалното јавно обвинителство може да ги користи како доказ во судска постапка. 

„Врховниот суд на Република Македонија денес со почеток во 12 часот ќе одржи продолжение на општата седница, на која ќе се разгледува рефератот по правното прашање „Дали доказите кои се стекнати на незаконит начин можат да бидат употребени како доказ во судска постапка“, стои во соопштението од Врховниот суд.

Од таму известуваат дека на продолжението на седницата ќе присуствува и Мирјана Лазарова Трајковска, поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права.

 

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе