Адвокатот за 1ТВ

Давидовиќ: Кога веќе Рускоска и ги одзема мобилните телефони, ред е да каже дали Јанева е вмешана во „Рекет“ или не

Ако можете да го поткупите специјалниот јавен обвинител, тогаш можете да го купите секого. Страшно е на оној на кого сте му дале толку голема поддршка да треба да одговара пред јавноста, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во гостувањето на 1 ТВ. Тој во емисијата посочи дека случајот „Рекет" ги тресе не само темелите на правосудството, туку и на целата држава.

„Аферата „Рекет" ги тресе темелите на државата и доаѓате во ситуација СЈО кое требало да гони, за чие формирање сите помагаа и предупредуваа дека треба да постои, на крај да го исправи пред јавноста обвинителот кој беше толку фален и кој имаше толкава поддршка. Ако можете да го купите специјалниот јавен обвинител, тогаш може да купите секого", вели Давидовиќ.

Адвокатот во гостувањето додаде дека постои неказнивост и недопирливост на одредени луѓе кои никако не одговараат пред законот и препорача дека системот треба да се ресетира од нула и да се испита работењето на судиите и обвинителите.

За тоа каков треба да биде профилот на новиот јавен обвинител кој ќе застане на чело на новот Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, што го најави премиерот Зоран Заев, Давидовиќ посочи дека треба прво да е чесен и да не биде од редовите на обвинителите.

„Јавниот обвинител да не биде од обвинителските кругови, треба да ја знае својата работа, да е можеби судија, адвокат, да има стручни способности и знаења, но не и да биде дел од тоа обвинителство за да се избегне тоа дека било кој и на било кој начин некому му должи нешто", вели Давидовиќ.

За тоа зошто нема мерки за Катица Јанева, а одземени и се два мобилни телефони од кои едниот форматиран, Давидовиќ вели дека обвинителката Рускоска често се појавувало деновиве на интервјуа, но не одговорила на тоа клучно прашање за да ги тргне или потврди сомневањата и шпекулациите кои се шират во јавноста.

„Во јавноста има шпекулации дека јавниот обвинител вмешан во „Рекет" е Јанева. Рускоска толку често деновиве беше на интервјуа, но не одговори на клучното прашање, односно дали е тоа точно или не. Кога веќе се одземени мобилните телефони на Јанева, ред е на јавноста да и се каже дали е таа вмешана или не. Не можете да дозволите сите оние обвинители да отидат во било кое обвинителство со некаква дамка. Во СЈО има обвинители кои одлично си ја знаат работата", посочува Давидовиќ.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе