Трибина

Данијела Баришиќ: Членувањето во ЕУ и НАТО носи поволности

Членувањето во ЕУ и НАТО носи поволности и затоа Република Македонија треба да биде еднаков дел на овие организации, порача амбасадорот на Хрватска Данијела Баришиќ на трибина во Битола.

На средбата со граѓаните, Баришиќ особено ги издвои економските и стопанските придобивки кои ги почувствала нејзината матична држава, и затоа како што рече и граѓаните во Македонија треба да ги знаат хрватските искуства.

„Нашето членување во НАТО и ЕУ, нам како држава ни донесе многу поволности, пред се економски, стопански, но и безбедносни. Хрватска е мала држава, но како посттранзициска и постконфликтна, сега е држава за која се слуша и која има ставови кои може да се искажат меѓу најсилните партнери. Сакаме и Македонија да биде еднаков дел на ЕУ и НАТО. Во таа смисла, нагласи Баришиќ  за референдумот што ќе се одржи на 30 септември, важно е луѓето да знаат како ќе гласаат, и да бидат информирани за тоа каква иднина ги очекува.

На јавната дебата организирана од УСАИД посветена на перспективите кои ги отвора НАТО интеграцијата на Македонија, претседателот на Евро-атлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани посочи дека најголем дел од граѓаните во Македонија знаат зошто е важно членувањето во ЕУ и НАТО.

„Република Македонија е на одличен пат дефинитивно да го конкретизира тоа што е опција, про-НАТО и про-европски, затоа што сите досегашни анкети покажаа дека на граѓаните им е јасно зошто сакаат ЕУ и НАТО“, истакна Рамадани.

Пред претставници на граѓанскиот и бизнис сектор, академската заедница и претставници на други институции свои мислења искажаа и Стево Пендаровски, национален координатор за НАТО, Горан Илиќ, декан на Правниот факултет-Кичево при УКЛО-Битола и студентката Настасија Стојановиќ.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе