На новинарско прашање

Дајте ми број од тој Ел Чека јас да му се јавам, рече Заев

Не знам зошто Ел Чека објавува разговори само за Али Ахмети, дајте ми телефон ќе му се јавам и ќе го прашам, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.

„Ако имате некој телефон дајте ми од тој, како се вика, Ел Чека да му се јавам да го прашам: -Чекај бе пријател зошто ти објавуваш за Ахмети, а не објавуваш и за мене? Еве јавно нека објави и за мене, апсолутно сум транспарентен човек и сериозноста треба да биде овде. Еве пак ви кажувам нека објавува за секој што мисли дека треба да објавува, и треба да знае дека има одговорност, дека постои закон и кривично се одговара за тоа. Приватноста да е заштитена а овој човек не води грижа за таа работа, треба да одговора и кога тогаш ќе одговара. Светот е глобално село и ќе одговара, дали треба да го мотивирам и за мене да објави? Ќе одговара, кога-тогаш ќе одговара. Така да ако има нека објавува сега. Еве дирекно од премиерот му е, ќе одговара", му порача Заев на Ел Чека.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе