В сабота на Шара

„Да ја спасиме Попова Шапка“ повикува на протест против уништување на туристичкиот центар

Стоп за уништувањето на Попова Шапка, повикуваат граѓанските здруженија кои за во сабота најавуваат протест. Во повикот за протест се вели дека ги покнуваат сите на протест кој се однесува на иницијативата против уништување на овој туристички центар. 

,,Во сабота (12 jануари 2019) со почеток во 11, ве покануваме да протестираме сите заедно кај Жичарата Тетово – Попова Шапка против уништувањето на овој туристички центар.Туризмот што го имаат Струга и Охрид за три месеци, Тетово требаше да го има за дванаесет месеци. Да се мобилизираме што повеќе, за да ја изразиме нашата подготвеност да побараме одговорност од Владата, за да ги преземе потребните чекори кон трајното решавање на проблемите на Попова Шапка. Да ја спасиме Попова Шапка", се вели во повикот за протест.

Ваква иницијатива имаше и во јануари, 2017 кога група граѓани исто така повикуваа на протест за да се спречи запоставувањето на овој туристички центар.

Тие уште тогаш ја изразија нивната загриженост за уништувањето на туристичкиот центар во овие како што тогаш посочија 15 години, оставајки го без инвестиции, без инфраструктура, без одржување, без никаков конкретен проект и без модернизирање на туристичките капацитети.

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе