ЦУК: Повторно активен пожарот кај Трескавец, гори на уште 12 места во целата земја

Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село повторно е активен. Во правец на село Забрчани гори сува трева. На терен има екипа од противпожарните единици во Прилеп и месно население, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Гори сува трева и смрека и ниско стеблеста деградирана дабова шума кај местото викано Фрлогоец на планината Бистра. На терен се наоѓа екипа на шумското стопанство „Лопушник“.

ЦУК информира дека сѐ уште се активни и пожарите во околината на селата Растеш, Заград и Волче, каде гори дабова шума, смрека и висока сува трева. Во атарот на село Растеш во моментов се ангажирани лица од месното население, шумското стопанство и лица од општина Македонски Брод.

Пожарот во атарот на село Грешница во моментов е под контрола и обиколен со заштитен појас.

Појавен е шумски пожар во планинскиот дел близу село Богојци кон правецот на село Татеши, а тука се ангажирани противпожарните единици од Струга и ЈСШП Јабланица – Струга.

Пожарот кој во текот на вчерашниот ден од подрачјето на општина Прилеп навлезе на подрачјето на општина Чашка во атарот на селата Смиловци и Попадија, во делот на село Смиловци е изгасен. Во текот на денешниот вработени во шумското стопанство Бабуна гасат во атарот на село Попадија. Опожарената површина е со сува трева и нискостеблеста шума.

Пожарот во атарот на село Галиште е активен. Исто така, пожарот во месноста Мушов Гроб е активен во карпест и непристапен реон. За негово гасење во текот на денот ангажирани се вработени на шумското стопанство Бор Кавадарци.

Пожарот кај Гумалево (Дејковец), кој се протега над селото Дејковец кон село Гумалево е активен, како и пожарот помеѓу селата Никиштани и Грачани, каде гори мешана шума.

Пожарот во близина на село Крушевица е се уште активен во високиот непристапен терен, каде е зафатена деградирана шума. Ангажирани се лица од ЈП „Црн Бор“ - Прилеп и лица од месното население. Тие се ангажирани и на пожарот кај село Никодин во правец на село Фариш.

Пожарот во село Гургурница, општина Брвеница, по вчерашните интервенции од страна на вработени во ЈП Македонски шуми, ДЗС Тетово, мештаните и 5-6 пати од воздух, е под контрола. Се работи на гаснење на сува трева и нискостеблести жбунести растенија. Вработените во ДЗС, Македонски шуми и мештаните, цела ноќ се на терен и го следат и контролираат огнот.

Пожарот во село Корито, општина Гостивар, каде е зафатена сува трева и нискостеблести жбунести растенија, е под контрола и будно се следи опожареното место, но не е целосно угаснат. Направен е појас околу огнот, за да не се шири, соопшти ЦУК.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе