По повод денот на „нулта дискриминација“

Чувството дека немате некое право поради различноста е најсуровата приказна, вели омбудсманот

Денешниот ден 1-ви март е познат и како ден на „нулта дискриминација", како предизвик за сите чинители во општеството да стават крај на каков било облик на дискриминација. Борбата со оваа негативна општествена појава се води со децении, но таа и натаму е присутна во разни облици, по разни основи, велат од кај Народниот правобранител. Од таму додаваат дека исклучувањето, создавањето на чувство дека не ви припаѓа некое право само затоа што сте поразличен од другите е најсуровата приказна која може еден човек да ја преживее.

„Универзалната декларација за човекови права не учи дека сите сме родени еднакви и сите мора да ги уживаме сите права. Властите ова мора да го имаат на ум секогаш кога носат некој закон, некој пропис. Тие мора да ги препознаваат сите облици на дискриминација и да се залагаат истите да бидат спречени. Толеранцијата е основата на борбата со дискриминацијата, а учењето на толеранција мора прво да биде насочено кај најмалите -децата. Тие прво треба да научат да почитуваат, да научат дека луѓе имаат различна боја на кожа, припаѓаат на различна вера, националност и дека тоа богатство мора да се почитува. Создавањето на здрави толерантни генерации е многу важно за една држава", се вели во соопштението на омбудсманот.

Бранителите на човековите права сме тука за да ги потсетуваме властите дека треба максимално да работат на искоренување на дискриминацијата доколку сакаат вистински, а не декларативен демократски развој на општеството.

„Во овој правец, не се доволни само законските прописи, туку потребна е нивна имплементација со цел секоја единка да има пристап до електрична енергија, вода за пиење, образовен процес, работа, да може да си го оствари правото на глас. Со еден збор, секој да се чувствува интегриран дека е дел од општеството, дека е полезен и дека може да придонесе за неговиот развој. Од тие причини, сите заедно, не само денес туку во континуитет треба да се бориме за да се достигне мотото „нулта дискриминација", се вели во соопштението на омбудсманот.

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе