Министерот за внатрешни работи најави

Чулев ќе објавува информации за истраги во кои се вмешани функционери

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска рече дека во наредниот период Министерството ќе објави информации за отворените истраги во кои се инволвирани и носители на јавни функции, за кои веќе се добиени информации дека се можни сторители на кривични дела.

„Во однос на истрагите кои ги најавив сакав да кажам дека изминатиот период како МВР, покрај концентрацијата што значи спроведување на мерките и одлуките на владата за заштита на здравјето на граѓаните, МВР не ја изгуби од увид и откривачката функција, односно активностите во областа на откривање на сторители на кривични дела посебно во областа на организиран криминал и корупцијата, па и во овој дел. Во наредниот пеирод ќе објавуваме информации и за одредени ноосители на јавни функции за кои имаме веќе добиени информации, а кои се можни сторители на кривични дела“, рече Чулев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе