Анонимно писмо до редакцијата на „Код“

Четиринаесетгодишно момче се обеси по инструкции на играта „Син Кит“

Четиринаесетгодишно момче од Кучичино, кочанско си го одзеде животот со бесење. За овој случај постои сомнеж дека е можно самоубиството да е резултат на инструкции од играта „Син Кит“. Како што пренесува Телевизија Телма во емисијата „Код“, до нивната редакција пристигнала анонимна дојава дека ова момче се обесило како последица на играта. 

Момчето на 16-ти ноември било на училиште до 13 часот, откако се вратило во својот дом, по неколку часа неговата баба го пронашла во шупата. Проштално писмо зошто го извршил самоубиството нема. 

Со случајот се запознати и првата детска амбасада „Меѓаши".

Засега причините за смртта на момчето се базираат на претпоставки, а не и на докази. Семејството побарало да се изврши вештачење на мобилните телефони и на компјутерот, но надлежните институции досега ги немаат земено.

Никој не забележал нешто чудно во однесувањето на деветто одделенецот, ниту пак некоја форма на самоповредување.

Видео игрите станаа секојдневии на децата и тинејџерите. Направени се на принципот на наградување, која што е и една од мамките за младата популација. Психолозите и педагозите предупредуваат дека постои зависност од видео игри, а сипмтомите се исти како и кај зависност од алкохол, дрога.

Светот сериозно работи на оваа тема. САД и одредени европски држави веќе имаат центри, во кои се одвикнуваат младите од видео игри, а во самиот воспитно образовен процес и отворено се говори за нив.

Кучичино е на само 10 километри од Кочани и се уште е живо село. Во него учат 35 ученици од прво до деветто одделение на кого модерните медиуми им се достапни без проблем.

Наставниците и родителите сметаат дека треба да се отворат очи и да имаат контрола на тоа што работат децата на компјутерите или паметните телефони.

Онлајн-играта „Син кит" на децата им се задава различни предизвици, меѓу кои и да се самоповредуваат и, во крајна дистанца, да извршат самоубиство.

Станува збор за игра наменета за младата популација со која децата се предупредуваат дека мора да ги следат задачите зададени преку интернет и како доказ за тоа да испратат фотографија со извршената задача. Вообичено, задачите се состојат во различни форми на самоповредување.

Играта потекнува од Русија и, според тоа што го наведуваат тамошните медиуми, „Синиот кит" се поврзува со смртта на 130 руски тинејџери.

Набргу таа се прошири и во Европа, случаи на самоповредување биле регистрирани и во Шпанија и во Велика Британија, а во текот на изминативе десетина дена неколку биле забележани и во Хрватска, досега два случаи, и еден случај во Србија.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе