Празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите

Честитки по повод Курбан Бајрам

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам до сите македонски граѓани од исламска вероисповед, до Исламската верска заедница, до поглаварот Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и членовите на Ријасетот со која им посакува среќни и спокојни празнични денови, со срдечни желби празникот да го прослават во добро расположение и добро здравје.

„Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста. Ова се вредностите кои треба да бидат наша заедничка водилка во градењето едно општество за сите. Да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог во просперитетна иднина. Возвишениот, благороден сјај на овој празник нека зрачи во домовите на сите верници. Честит празник“, истакнува во честитката премиерот Заев, со желби за многу радост, духовен мир и топлина во домовите на сите припадници на исламската вера во овие празнични денови.

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед.

„Во пресрет на празникот кој го потенцира дарувањето и солидарноста, посакувам и годинава Курбан бајрам да го поминеме во здравје, благосостојба и хармонија, помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и безусловна љубов. Дозволете да ја искористам оваа можност да Ве повикам и понатаму посветено да работиме на разбирањето и меѓусебното почитување без разлика на верска, етничка или која било друга припадност. Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и слободен“, се вели во празничната честитка.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе