Апелацискиот суд ги одби жалбите

Чавков и уште 10 осомничени за 27 април остануваат во притвор

Апелацискиот суд Скопје донесе одлука со која ги одби жалбите на осомничените за настаните од 27 април и им го продолжи притворот на 11 лица. Меѓу нив е и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, актерот Владо Јавановски, оперскиот пејач Игор Дурловски и уште осум осомничени. 

За актерот Јовановски Вишото јавно обвинителство побара да му биде определена поблага мерка, но Апелацискиот суд одлучи да го потврди првостепеното решение и да му го продолжи притворот.

Сите осомничени бараа да им се укине мерката притвор и да им биде определена поблага мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата.

„Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.01.2018 година и 11.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски", се вели во соопштението на Аплеацискиот суд Скопје.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе