Бугарија ќе донира возило за лица со попреченост за општина Струмица

Владата на Бугарија одобри доделување на 70.000 лева (35.000 евра) за набавка на специјализирано превозно средство за сите ранливи групи во општина Струмица, Македонија.

Како што соопшти прес-центарот на бугарската Влада, неповратната финансиска помош е во рамки на проектот за социјално вклучување на ранливи групи во општина Струмица и создавање услови за инклузивно учество на лицата со попреченост во економскиот, социјалниот и културниот живот, како и остварување на основните права без дискриминација по основ на ранливост.

Финансирањето ќе биде обезбедено од средствата одобрени за хуманитарна помош од буџетот на бугарското МНР за 2017. 

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе