Детали од едномесечната истрага за превртениот автобус на „Дурмо турс“

ОЈО: Брзото возење е една од причините за сообраќајката кај Ласкарци, приведени 6 лица, меѓу кои и возачот

Возењето со брзина над дозволената, како и техничката неисправност на автобусот на „Дурмо турс“ се главните причини за сообраќајката кај Ласкарци во која загинаа 15 лица, а 39 беа повредени. Ова го утврдила едномесечната истрага на Основното јавно обвинителство Скопје за катастрофалната сообраќајка. Како што денес соопшти на прес-конференција обвинителот Сашо Рајчев, за сообраќајката осомничени за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот се сопственикот на компанијата „Дурмо турс", управителот на фирмата, возачот, три лица кои работеле во фирмата која правела технички преглед на автобусот и едно лица кое издавало потврда дека автобусот е исправен.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони приведените за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Овие лица, како што соопштија од обвинителството во моментов се во полициска станица, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основсниот суд Скопје 1 и за нив обвинителството ќе бара мерка притвор. 

За седмиот осомничен кој издал документација дека работи тахометарот, иако не била направена проверка, ОЈО ќе бара мерки на претпазливост. Тој ќе одговара за несовесно работење во служба. 

Во текот на постапката за еден месец во Основното јавно обвинителство Скопје 47 лица биле повикани на испитување. На листата на докази се најдоа вештачења за техничката исправност на возилото направени од Машинскиот факултет во Скопје, како и од Електротехничкиот факултет. Се утврдувале и детали за здравствената состојба на возачот, како и за тоа дали додека го управувал автобусот тој користел мобилен телефон.

Истрагата на ОЈО Скопје утврдила дека возачот на автобусот на „Дурмо турс" го управувал возилото со брзина над дозволената, односно се движел со околу 99 километри на час, а утврдена била и техничка неисправност на сопирачките.

Техничката контрола на автобусот била извршена во јули и во декември лани. Во јули биле утврдени недоследности кај сопирачките, но и покрај тоа бил издаден документ дека се исправни.

Со сите овие неправилности, за сопирачките и за инсталираниот уред за манипулирање со брзината, автобусите возеле секојдневно.

„Од денот на настанување на сообраќајката се водеше истрага. На денот на несреќата, како и наредниот ден беше извршен увид. Беа изготвени записници за увид, скица и друга документација. Во текот на постапката 47 лица се испитани во предистрага, а изготвени се вештачење од Машинскиот факултет, како и Електротехничкиот факултет. Направено е сообраќајно вештачење од Бирото за судски вештачења Сообраќајно вештачете од Биро, како и медицинско вештачење за здравствената состојба на возачот. ОЈО Скопје денес, по сите овие истражувања донесе наредба за спроведување на истрага спрема 6 лица, меѓу кои и сопственикот и управител на „Дурмо турс", кој според истрагата не го организирал превозот согласно законските прописи и го препуштил раководењето на раководител кој немал сертифиткат", рече на прес-конференција обвинителот Сашо Рајчев.

Според обвинителството, сопственикот и управител на „Дурмо турс" не водел грижа за исправноста на уредот кој ја покажувал брзината на движење на автобусот. На ова место, според обвинителот Рајчев дозволената брзина за движење на автобусот е 80 километри на час.

Шесте лица кои се приведени ќе одговараат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Во оваа истрага, со оглед дека се работи за обемен предмет и документација, работат двајца обвинители. Во истрагата дел од доказите се и обдукционите наоди на загинатите патници, но доказ во постапката ќе бидат и вештачењата за карактерот и степенот на повредите на 39 патници, од кои дел беа потешко, а дел полесно повредени.

Како што рече обвинителот, возачот на почетокот, односно, откако се случи сообраќајката немал статус на осомничен, а потоа се истражувало дали и какви пропусти направил. По сообраќајката, тој не дал никакви податоци за несреќата. Истрагата утврдила дека додека возел тој не користел мобилен телефон.

„Главна причини за сообраќајката било брзото возење, но и нецелосна исправност на сопирачките кои при техничките контроли не биле евидентирани и не биле отстранети. Возачот поради овие причини од едната лента преминал на средната лента, па изгубил контрола, ја преминал заштитната ограда, за на крај автобусот да падне на стариот пат", рече на прес-конференција обвинителот Рајчев.

Тој додаде и дека, бидејќи во ОЈО Скопје недостасува кадар, позајмиле истражители од МВР кои продолжуваат да работа, бидејќи истрагата за оваа сообраќајка ќе продолжи . 

Обвинителството ќе бара притвор за 6 лица, е мерки на претпазловост за еден осомничен. 

Сообраќајката кај Ласкарци се случи пред еден месец и однесе 15 жртви од кои дел починаа на лице место, а дел во болница поради тешките повреди. 

 

К.Д.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе