Бошњаковски: Владата едногласно го разгледа и го усвои извештајот за договорот

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски по затворената седница изјави дека Владата едногласно го разгледа и усвои извештајот за договорот за името.

Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство и донесе одлука да го декласифицира договоорт.

Веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата македонска јавност има пристап до истиот. Договорот е насловен - Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста  на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните, рече Бошњаковски.

Нагласи дека се уште не е прецизиран датумот за средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на која треба да биде потпишан договорот, но напомена дека утре ќе има повеќе информации и ќе се знае точно кога и каде ќе се одржи средбата.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги информирал останатите за текот на процесот и за чекорите кои следат, вели Бошњаковски. 

Конечен збор ќе дадат граѓаните на референдум, кажа Бошњаковски. 

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе