Во врска со Законот

Бошњаковски: В петок нова средба, опозициската партија до утре треба да ги достави предлозите за СЈО

ВМРО-ДПМНЕ до утре треба да ги достави предлозите во врска со законот за Специјалното јавно обвинителство, а задутре, в петок, е закажана нова средба на која ќе се разговара за разликите по ова прашање меѓу Владата и опозицијата.

Како што потврди денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, постојат серизони разлики меѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ, кое бара СЈО да биде посебно одделение.

„Дефинитивно за нас како Влада предлог-законот е најсоодветно решение и сметаме дека треба да се имплементира без одоговлекување“, нагласи Бошњаковски.

Тој потврди и дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја посети земјава но, како што рече, датумот на посетата сеуште не е дефиниран.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со промената на имињата на институциите, Бошњаковски потенцира дека кратенката на МАНУ и натаму останува, а за нејзиното целосно име ќе треба да се произнесат академиците. За АРМ, пак, ќе се следат духот и принципите на Преспанскиот договор.

„Најверојатно во наредниот период ќе биде прецизно кажано. Во моментов јас немам информации“, рече портпаролот.

Во однос на Законот за попис, портпаролот Муамет Хоџа посочи дека ова не било точка на дневен ред на вчерашната владина седница. Кога законот ќе биде разгледан, јавноста, рече, ќе биде информирана.

Бошњаковски информира и за набавката на амбулантните возила за потребите на Првата помош. Нагласи дека оние дополнителни осум што ќе бидат земени од Министерството за земјоделство досега практично не се употребувале и сега само се ставаат во функција.

„Министерството за здравство набавува 12 нови амбулантни возила. Овие осум постоеле во МЗШВ и биле речиси неупотребени. Идејата сега е целисходно да се искористат. Им се најде употребна вредност“, рече портпаролот.

 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе