Претрес во Истражниот затвор во Шутка

Боки 13 сликан на шеталиште, се бара „фотографот“

Фотографија од притворениот Бојан Јовановски, познат како Боки13, како се шета на шеталиште во Истражниот затворот во Шутка почна да се шири низ социјалните мрежи. На фотографијата се гледа Јовановски и уште едно лице. Директорот на затворот, Есад Рахиќ за МКД.мк вели дека откако се појавиле фотографиите се прави претрес во Истражниот затвор, бидејќи вработените внатре не смеат да носат мобилни телефони. 

„Ја видовме објавената фотографија. Во моментов трае претрес во притворските ќелии во Истражниот затвор во Шутка и се бара мобилниот телефон со кој е направена фотографијата. Најверојатно е од притворено лице, бидејќи никој од вработените не внесува мобилен телефон кога влегува во затворот, односно за оној кој ќе влезе со мобилен следува отказ“, вели директорот Рахиќ. 

Тој појаснува дека е јавна тајна дека во затворот има мобилни телефони и дека постојано се прават претреси. Откако ќе се најде кој го фотографирал притворениот Боки 13, директорот вели ќе следуваат санкции. 

На фотографијата Боки најверојатно е со неговиот цимер со кого ја дели ќелијата во Хашкото одделение, бидејќи според редот на затворот, по инцидентите со Миле Јанакиески и Споро Ристовски, на шеталиште излегуваат цимери само од една ќелија. 

Јовановски е во притвор од минатиот месец, како осомничен во истрагата за случајот „Рекет".

К.Д.

ФОТО: Скопје1.мк 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе