Од затвор на лекар и обратно

Боки 13 во болница, Јанакиески вратен во притвор без операција

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески не правел операција на срцето. Иако неговите бранители пред неколку дена за дел од медиумите изјавија дека Јанакиески мора итно на операција, тој по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка. Директорот на Истражниот затвор во Шутка, Есад Рахиќ за МКД.мк вели дека состојбата на Јанакиески е стабилна, дека му биле направени испитувања, но не и хируршка интервенција.

„Јанакиески беше носен во болница минатата недела и по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка. Врз него не е направена хируршка интервенција и здравствената состојба му е добра", ни изјави Рахиќ.

Јанакиески штрајкуваше со глад, но по препорака на лекар го прекина штрајкот. 

Тој досега три пати беше во притвор во Шутка. Првпат лани на 14 ноември минатата година, еден ден по бегството на Никола Груевски, по налог на Специјалното јавно обвинителство каде е обвинет во пет случаи.

Втор пат беше внесен во притвор по налог на Јавното обвинителство за организиран кримина и корупција во февруари каде е обвинет дека е еден од организаторите за нападот врз Собранието на 27 април.

Тогаш во притвор беше нападнат од член на кумановската група осуден за „Диво насеље".

Последниот пат Јанакиески влезе во Шутка за случајот со планираната изградба на Шпанските скали на скопскиот плоштад. 

Денес на Клиника е пренесен и Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој е во притвор за случајот на ОЈО за гонесе на организиран криминал и корупција „Рекет". Според директорот Рахиќ осомничениот Јавановски е пренесен на скопските клиники на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат.

Јовановски кој е осомничен за кривичното дело перење пари, заедно со Зоран Милески - Кичеец, се во притвор. 

К.Д.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе