По распитот кај судија на претходна постапка

Боки 13 доби притвор од 30 дена, заврши во Истражниот затвор во Шутка

Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва по распитот пред судија на претходна постапка заврши во притвор. Основниот кривичен суд вечерва соопшти дека е донесена одлука да се прифати предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и дека се исполнети условите на осомничениот да му биде определена мерка притвор од 30 дена.

„По произнесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на Обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и донесе решенија со кои на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед дека смета дека се исполнети условите од член 165 ст. 1 точки 1,2 и 3 од ЗКП. Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Претходно мерка притвор беше определена и за Кичеец, за кого официјална потврда стаса и од судот. 

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе