На презентацијата на извештајот „Под лупа“

Богоевски: Мијалков, Илиевски и Зврлевски во УБК и по кафеани ги договараа наредбите за монтираните судски предмети

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, неговиот баџанак, поранешниот обвинител за организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, и ексдржавниот обвинител Марко Зврлевски во УБК и по кафеани ги договараа наредбите за политички-монтираните судски предмети, пренесе Макфакс. 

Ова го изјави ексразузнавачот Слободан Богоевски на презентацијата на извештајот „Под лупа" за анализа на 12 правосилни кривични предмети. Богоевски рече дека прибавил изјави од двајца раководители во Управата за безбедност и контраразузнавање за повторување на постапката во која тој беше осуден, позната како „Агент".

„Во меѓувреме во напорите да ги приберам сите докази, прибавив изјави од двајца раководители – началници во УБК, каде раководеше злогласниот Сашо Мијалков", тврди Богоевски.

Тој изјави дека еднаш неделно во УБК се собирале Мијалков, Зврлевски и Илиевски, и ја кроеле судбината на полициско-судските процеси кои биле водени изминатите 10-ина години. Според изјавите на началниците, средбите биле еднаш неделно, а честопати се одржувале и по кафеани, кога, како што изјави Богоевски, биле под во алкохолизирана состојба.

„Сè било извршувано беспоговорно", рече Богоевски. „Имаме ли ние судство и што да се прави за никогаш повеќе вакви работи да не се случуваат во државата", изјави Богоевски, кој, како што рече, засега не гледа сериозни напори за реформи.

Видео: Макфакс

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе