Одлука на Основниот суд Скопје 1

Бизнисменот Сеад Кочан доби 6 години затвор за „Труст“, се конфискува и имотот од 17 милиони евра

Обвинетиот бизнисмен Сеад Кочан за случајот „Труст“ се осудува на казна затвор во траење од 6 години и судот му изрекува забрана за вршење на дејност во траење од три години, а на обвинетиот Василије Авировиќ му изрекува казна затвор во траење од 3 години и забрана за вршење на дејност во траење од три години. Двајцата, според Основниот суд Скопје 1 како соизвршители, виновни се за кривичното дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Обвинетиот Сафит Ветиќ се ослободува од кривична одговорност. 

Фирмите „Трансмет" ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ" кривично одговорни се за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, па судот ги осудува на парична казна во износ од 2 милиони денари, која сума треба да се плати во период од еден месец од правосилност на пресудата. Со одлука на судот ќе им се конфискува и имот во иста вредност од направената штета од околу 17 милиони евра.

Судијката пред изрекување на пресудата ги образложи доказите кои СЈО ги има во оваа постапка против обвинетите. 

„Судот одржа на 20 рочишта и изведе и материјални и вербални докази. СЈО тврди дека тендерот на Конзорциумот кој го сочинуваат сега обвинитите правни лица се направен врз основа на лажна документација, а одбраната го негира сетоа тоа. Се работи за различни дејствија во вршење на законите со кои се предизвикуваат штети на пазарот“, рече судијката Лидија Трајковска-Зимбовска која ја водеше постапката за овој случај. 

Судијката посочи дека при изрекувањето на одлуката предвид се земени и отежителните и олеснителните околности, и изрази надеж дека со ваквите казни ќе се постигне целта и дека оваа пресуда ќе биде пример за во иднина да не се сторуваат ваков тип на кривични дела. 

Одбраната ги негираше тврдењата дека се поднесени лажни документи.

Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.

Кочан во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен, бидејќи немал никаква умисла да прекрши кој билој закон.

„Покрај сувото гори и суровото", рече Кочан и додаде дека единствена цел му била да биде конкурентен на пазарот и да обезбеди работа за неговите вработени и нивните семејства.

Тој посочи дека не ги проверил документите за овој случај пред да ги потпише, иако како менаџер имал таква обврска.

„Како менаџер, иако сум имал обврска да ги проверувам сите документи пред да ги потпишам, тоа не го направив верувајќи цврсто во својот тим", рече Кочан.

И Авировиќ во завршните зборови се изјасни дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари. Според него, обвинението е неосновано и дополнително ја загрозило неговата кревка здравствена состојба.

Обвинетиот Ватиќ во завршните зборови, исто така, рече дека не се чувствува виновен и очекува да биде донесена ослободителна пресуда.

Претставникот на „Трансмет" ДОО Скопје, Сабина Аломеровиќ рече дека се приклучува на завршните зборови на бранителите на правното лице и во целост стои зад нив. Таа посочи дека очекува ослободителна пресуда за правното лице „Трансмет" ДОО Скопје.

Адвокатот Јован Јоанидис, кој е застапник на правното лице „Силекс неметали СТ" рече дека судот коректно ја водел целокупната постапка и очекува да биде донесена ослободителна пресуда за сите.

Според него, во овој предмет нема елементи на кривичното дело кое што им се товари на сите обвинети.

СЈО побара тројцата обвинети да бидат осудени, а фирмите „Трансмет" ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ" преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра.

Освен барањето за конфискација на имотот, СЈО одлучи третообвинетиот во овој случај Сафет Васиќ да го гони за помагање и го повлече обвинението за неговата фирма „Вато" ДОО Студеничани. 

Според обвинението, осомничените формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе