Денес преку видео во живо на Фејсбук

„Билка“ ќе одржи дискусија со порака дека употребата на канабисот за медицински цели е Уставно загарантирано право

Непрофитната организација „Билка“ денес во 16,30 часот ќе одржи дискусија на тема „Употреба на канабисот за медицински цели или лична употреба е Уставно загарантирано право, а не казна". На дебатата која ќе се пренесува во живо преку социјалните мрежи ќе говорат адвокатот Јанаки Митровски, основач на Билка, Филип Аврамчев од ЛДП, Бојан Петровски, од ДОМ и Јасмина Голубовска, пријател на „Билка“.

„Употреба на канабис за медицински или лични цели е Уставно загарантирано право а, не казна. Да се стави крај на полициска тортура ќе се бориме за сите и, ќе добиеме човечки третман , во спротивно, одиме меѓународно, нека знаат сите што се случува во затворите и притворите во Македонија, за другарите кои лежат долги казни, за ситниот криминал, пренатрупаноста и системското иживување врз нашите семејства, пријатели и, најблиски фатени затоа што не можат да набават масло легално, не можат да набават ниту за рекреативни цели без тоа да бидат третирани како да се дел од организирани криминални групи. Кучињата лаат, бизнисот врви", се вели во објавата на официјалната Фејсбук страница на „Билка“.

„Билка“ се залага за целосна декриминализација на Канабисот и за унапредување на животната средина, преку едукација, проекти, активизам.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе