четврток, 28 март 2024

Бектеши бара проверка на еден од енергетските проекти, се претпоставува дека е Митилинеос

За една од трите стратешки инвестиции во областа на енергетиката ќе треба повторно да се преговара, побара вчера министерот за економија Крешник Бектеши. Без да именува за која од тратешка инвестиција, за кои во Собранието е веќе почната процедурата, Бектеши рече дека досега е доделена државна помош за истата инвестиција. Се претпоставува дека станува збор за проектот гасна централа на Митилинеос.

Објавено на

часот

Сподели

Преговорите за овие стратешки инвестиции ги водела посебна владина комисија, па Министерството за економија и неговите претставници не учествувале во тој процес. Сепак, нагласи Бектеши, „имаме забелешки јас лично и мојот експертски и советнички тим и бараме да се репреговара со стратешкиот инвеститор за една од инвестициите“. За другите две стратешки инвестиции, наведе, нема забелешки.

„За мене е спорно, а тоа го слушаме и од експертите и анализите кои ги правиме, за лиценцирани, рентабилни, профитабилни инвестиции да се дава директна државна помош од страна на Владата. Мислиме дека таквите инвестиции кои веќе имаат еден вид државна помош, индиректна, било тоа да се фидинг тарифи или договори за откуп на електрична енергија, веќе ја користат државната помош од страна на Владата“, нагласи министерот, кој додаде дека не е познат ваков пример ниту во регионот, ниту во други држави, една инвестиција да користи неколку вида државна помош.

Предложените закони за стратешките инвестиции поттикнаа реакции во стручната јавност. Здружението на инженерите предупреди дека со четирите предложени законски текстови и со договорите што ги предвидуваат, државата ќе го загуби енергетскиот суверените, ќе плаќа поскапа електрична и топлинска енергија од пазарните вредности, ќе мора да ја откупува и непроизведената струја… Освен тоа, имаше и приговори дека странците се јавуваат на јавните владини повици исклучиво заради државната помош и бенефициите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ