Кичево

Бекташизмот - доктрина што се базира на мистиката во Куранот (ФОТО+АУДИО)

Огромна капија зад која ѕирка голема хациенда со покрив во форма на зелена капа. Иста каква што носи и 79-годишниот човек со долга бела брада - Баба Ејуп, кој срдечно нѐ пречека и ги отвори портите во својот храм и дом во кичевското Теќе „Хидер Баба".

 

Навидум чуден „храм“, кој создава чувство на мир. Обележан во зелената исламска боја, која значи живот. Баба Ејуп е отец, духовен водач, кој, како што вели, од 1996 година тргнал по својот пат да го развива бекташиското учење во Кичево.

Бекташизмата е доктрина, која своите корени ги влече од Куранот, се базира на мистицизмот и се занимава со усовршување на душата на верникот со цел тој да биде вистински човек или верник. Развива верски ставови кои имаат етичко значење, бидејќи етиката, според нив, е многу важна за постапките, однесувањето и за оценувањето на верниците, во животот и верата.

„Чувањето од лошотиите раѓа чесност, поклонувањето - височество, правдината – напредок, трпението раѓа победа, заситеното око – богатство, повлекувањето од материјалниот свет раѓа мир, а молчењето - здравје“. Ова се изворите на бекташиското учење кое што ги има во Куранот, во учењето на пророкот Мухамед, на 12-те Свети имами и во делата на сите светци.

Кај оваа доктрина, бекташиска, не е важно кој сум јас, кој си ти, кој е тој. Овде игра улога човечноста. Игра улога човекот што повеќе да го уништи своето его, оти се вели - Бог е повидлив од Сонцето, но тие што немаат очи не можат да го гледаат“, вели Баба Ејуп, раскажувајќи ни ги корените, историјата и потеклото на бекташизмата.

Таа во Македонија датира од 1935 година кога Хидер Баба - светец на морињата отишол во Македонски Брод каде е изградено првото теќе Хидер Баба Теќе. Кичевското теќе го носи името на тоа од Македонски Брод кое било прво функционално теќе во земјава. Кичевското Хидер Баба Теќе е изградено 1936 година, а на старите темели во 2004 година е изградено сегашното.

Бекташизмот како доктрина верува во Господ преку светците, ова е начинот на верување. Не ги негира другите светци од другите вери, ниту пак го ограничува нивниот број“, вели Баба Ејуп раскажувајќи ни за Мухамед, кој е роден 1248 година, а се школувал до 1283 година и така усовршен отишол во селото Караујук близу Анкара во Турција каде е изградено првото теќе и од кога почнува да се развива бекташизмата која е во склоп со Куранот. Оваа доктрина верува дека човекот само се менува, но не умира. Како во христијанството, така и во исламот има 12 апостоли, односно 12 имами.

Во верските обреди алкохолот не е забранет, во нормални количества. Во бекташизмата влегуваат и мажите и жените. Баба Ејуп вели - тие души што ги љубат усовршените души – светци, со церемонија влегуваат во бекташизмата.

И тука човекот е должен да купи еден курбан овен, да не е сакат и да е над 1,5 како роден. И така се влегува во бекташизмата. Секој за себе посебно влегува во бекташизмот“, вели тој.

Баба Ејуп раскажува дека во Кичево има околу 250 верници кои со церемонија влегле во бекташизмот, а љубители има многу. Имало и многу христијани кои пак се држат до христијанските верувања, но го почитуваат и бекташизмот. Слават два празника годишно - раѓањето на Азрети Алија и Ашуре Бајрам.

Бекташите сметаат дека Куранот има две нивоа на значење: надворешен и внатрешен . Тие го држат второто да биде супериорно и вечно, а тоа се рефлектира во нивното разбирање и на универзумот и на човештвото.

За честа на мистицизмата, душевното оживување на човекот - човекот се бори со самиот себе, се прочистува од штетните и лошите особини, така што станува вистински морален човек. Патот на господ е вистината. Кој прави добрина ја прави за себе. Кој прави лошо го прави за своја глава. Овие се учењата на бекташизмата.

Додека Баба Ејуп ни го прераскажува потеклото на бекташизмата и неговиот навистина живописен животен пат, неговиот глас како ехо одекнува низ пространите ѕидови. Завршува со еден цитат и порака од нивното учење:

Сите луѓе треба да бидат браќа и пријатели помеѓу нив. Верата не е добро да нѐ дели и да нѐ разделува. Сите му веруваме на еден Господ, секој нека му се поклонува на Господ како што сака, но ова нешто не треба да нѐ дели. Да сме сите браќа и сакани пријатели, затоа што сите сме еден род, имаме крв и јазик. Да се сакаме и да се помагаме на секој начин помеѓу себе.“

Александра Филиповска

Фото: Роберт Атанасовски

 

И бекташите по 10 години пак станаа верска заедница

Бекташиската верска заедница од неодамна конечно е регистрирана како верска заедница и веќе е дел од списокот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи.

Оваа нивна намера за регистрација како верска заедница трае веќе 10 години. Бекташиската верска заедница беше регистрирана до 2007 година, кога со некои измени во Законот за верски заедници беше избришана од Централниот регистар.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе