Клучниот сведок во изјава за медиумите

Бајрами: Полицијата ме мачеше и тоа ќе го повторам на судењето за случајот „Сопот“

Рамадан Бајрами, клучниот сведок во случајот „Сопот“, денес во Основниот суд Скопје 1 во изјава за медиумите рече дека никогаш нема да ги заборави лицата на инспекторите од МВР што го мачеле и го терале на сила да даде лажен исказ за случајот. Сведокот вели дека изјавата дека бил мачен од полицијата ќе ја повтори и во судница. 

„Ја дадов вистинската изјава и претходно пред судот. Кога се случил настанот имам печат и пасош дека не сум бил во Македонија. Ме тераа со сила да сведочам. Сто и еден пат го кажав тоа и пак ќе го повторам истото. Помина долго време, но никогаш нема да ги заборавам лицата на инспекторите во полиција што ме малтретираа. Бев малтретиран и мачен и психички и физички и на секаков друг начин“, рече Бајрами, клучниот сведок во случајот „Сопот“.

Сведокот беше присутен и на денешното рочиште за случајот. Бајрами влезе во судница да даде исказ, но откако од судот беше повикан да сведочи, специјалниот обвинител Бајрам Рустеми побара од судот пред сведоците да бидат предложени дополнителните докази за овој случај, меѓу кои и разговор на  Гордана Јанкуловска со Сашо Мијалков. По ова, судот неговото сведочење го презакажа за следното рочиште.

Бајрами и порано пред судот раскажуваше како го мачеле десетина цивили, а инспектори од кумановската полиција го тепале. Потоа му покажале нацртана скица за настанот и имињата на осомничените кои наводно ја испланирале експлозијата, и побарале од него да ја прецрта со негов ракопис. На судот сведокот тогаш му ги покажа раните и дупките на телото, кои, според него, ги добил од малтретирањата во 2003 година.

 К.Д.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе