Увидот за сообраќајката е во тек

Автомобил се преврте на покрив во верижен судир во Карпош, двајца во болница (ФОТО)

Возило заврши превртено на покрив во сообраќајката што денес околу пладне се случи во скопската населба Карпош. Во неа, според првичните информации од МВР, учествувале три возила, а едното се превртело на покрив. Две лица со повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. 

Несреќата се случила на крстосницата помеѓу улиците „Никола Тесла“ и „Бранислав Нушиќ“.

Увидот е во тек, а детали околу причините за сообраќајката, како и за идентитетот и видот и карактерот на повредите, МВР најави за подоцна. 

ФОТО: Социјални мрежи 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе