АВМУ препорачува во деновите на жалост да не се емитуваат реклами

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата, така што музиката ќе биде од жанрови соодветни за денови на жалост. Поради големиот број човечки животи загубени во вчерашната трагична сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје - Тетово, 14 и 15 февруари се прогласени за Денови на жалост.

„Воедно, емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од седмицата. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање“, се вели во соопштението.

Од АВМУ додаваат дека Јавниот радиодифузен сервис и радиостаниците кои доброволно пријавиле дека ќе емитуваат одреден процент домашна музика од македонски автори и автори на етничките заедници, на 14 и 15 февруари се ослободуваат од оваа обврска.

 

 

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе