Агенција за медиуми

АВМУ: Донесени правилата за рекламирање за референдумот

Агенцијата за медиуми (АВМУ) го усвои упатството за начинот на работа на радиодифузерите за референдумската кампања. Исто како и за избори, медиумите добиваат дополнителни 9 минути за реклами во еден час.

Според Упатството, радиодифузерите треба да создадат еднакви услови за пристап на заинтересираните страни во референдумот до облиците на платена јавна пропаганда, за која радијата и телевизиите може да одвојат вкупно девет минути на секој реален час, емитувани како дополнително време. Тоа се дополнителни девет минути, покрај дозволените 12 минути за рекламирање според Законот за аудио и аудиовоизуелнби медиусмки услуги, кои, како што се посочува, не смеат да се користат за емитување платена јавна пропаганда за референдумот. 

„Вкупно деветте минути за платена јавна пропаганда треба да се поделат на две еднакви половини (по 4:30 мин), едната за субјектите кои ќе агитираат да се одгвоори „за“ на референдумското прашање, а другата за субјектите кои ќе агитираат да се одговори „против“ на референдусмкото прашање или ќе агитираат за бојкот на референдумот. При тоа кој било заинтересиран субјект може да откупи најмногу половина од вкупното време одвоено за платена јавна пропаганда, односно 4 минути и 30 секунди“, се наведува во Упатството.

Цената на услугите за платената јавна пропаганда, се посочува, треба да бидат исти за заинтересираните страни во референдумот и не треба да се менуваат од деност на донесување на ценовниците до завршување на референдумот.

Во Упатството покрај платената јавна пропаганда се содржани правилата за комерцијалните радиодифузери и јавниот радиодифузен сервис, во однос на начинот на известување и медиумско претставување во дневно информативните емисии, посебни информативни и други програми, правилата за објавување резултати од испитувања на јавното мислење и известувањето во деновите на референдумскиот молк.

 

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе