ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: СЈО работело на принцип на рекет, досегашните истраги не се водени како треба

Со потврдата на Зоран Заев дека Катица Јанева, односно дека СЈО треба да се затвори потврдува дека СЈО до сега работело на принцип на рекет на уцени и дека истрагите не се водени како што треба, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на сите други ставови дали треба, како треба и што треба ќе излеземе кога ќе се анализира целиот закон, тоа би било наредните денови и тогаш ќе можеме да одговориме на сите подетални прашања. Инаку, за нас е важно да има неселективна правда и нормално секој што се огрешил пред законот да одговара. А оној кој не се огрешил да не биде предмет на политички притисоци, политички уцени само заради тоа што не размислува како Зоран Заев или само затоа што не го платил рекетот кај Катица Јанева“, рече Арсовски.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе