ВТОРОСТЕПЕНИОТ СУД ЈА ОБЈАВИ ОДЛУКАТА ЗА “ТИТАНИК”

Апелациските судии му веруваат на Груевски дека нема да бега

Поранешниот премиер Никола Груевски има познат идентитет и познато место на живеење, семеен човек е, татко на две деца со оформено потесно семејство, има воспоставени семејни и егзистенцијални релации со неговото место на живеење и во оваа фаза на постапката примената на мерката притвор за него не е оправдана. Обвинетиот Никола Груевски се појави на јавната седница и вети дека ќе биде достапен за судот и оваа околност второстепените судии ја земале во предвид при одлучувањето дали да му биде орпеделена мерка притвор или не.  

Ова се дел од причините кои се наведени во решението на Апелацискиот суд Скопје кој донесе одлука по жалбите на обвинетиот Груевски и Специјалното јавно обвинителство и кој денес беа објавени на официјалната веб страница на судот.

Судиите ценјќи ги фактите и околностите , донесоа одлука дека  присуството на обвинетиот во оваа фаза од постапкат, место со притвор, ќе се обезбеди и со поблаги мерки. Привременото одземање на патната исправа и обврската за редовно јавување во судот, успешно ќе ја елиминираат опасноста од бегство, стои во одлуката. Според решението на второстепениот суд, Груевски веќе ги депонирал патната исправа и дипломатскиот пасош, а мерките на претпазливост се внесуваат во компјутерката евиденција на Министерството за внатрешни работи и обвинетиот не може да оставри излез од Република Македонија ниту со личка карта. Парите кои Груевски ги поседувал во банка, а за кои извести СЈО на јавната седница, судот не можел да ги земе како одвоена причина, туку судиите сметаат дека е тоа во склоп на личните и семејни прилики, и истите не се од решавачко значење за донесување на поинаква одлука, пишува во решението на Апелацискиот суд.

Второстепениот суд ја потврди одлуката на Кривичниот совет при основниот суд Скопје 1, сметајќи дека судиите правилно постапиле кога му определиле мерки на претпазливост на обвинетиот. Дека и првостепените судиите донеле правилна одлука, според апелациските судии говори и фактот што Груевски се појавил на јавната седница и дал ветување дека ќе биде достапен за судот.

Во врска со втората причина за влијанието врз сведоци поради која СЈО бараше притвор, судиите сметаат дека барањето е апстракно истакната можност за влијание. Во решението се вели дека СЈО требало да наведе конкретни околности кои го потврдуваат постоењето на опасноста дека Груевски може да влијае на сведоците. Бидејќи, како што стои во решението, СЈО не го сторило тоа , судот овој предлог го одбил како неоснован.

Јавните седници случајот “Титаник” во Апелацискиот суд во Скопје се одржаа во петокот. Прв на јавната седница стаса Груевски кој во судот се појави половина час пред закажаната седница. Тој пред судиите даде ветување дека нема да бега, рече дека е семеен човек и дека има возрасни родители на кои допрва ќе им бил потребен. Тој додаде и дека со нетрпение чека за почне судската постапка за да ја докаже својата невиност.

Неговите бранители во жалбата бараа да му се врати пасошот, а СЈО остана на барањето на определување на притвор.

Апелацискиот суд во неделата пресече, се одбиваат жалбите и на одбраната и на СЈО, и се потврдува решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1. Со ова одлука Груевски не доби притвор, туку одземена патна исправа и дипломатски пасош и обврска за јавување на шелтер број 5 во Кривичниот суд секој работен петок.

 

                                                                                                                   К.Д. 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе