По приведувањето по наредба на обвинителството

Апелацискиот суд ги одби жалбите за притвор на тројца осомничени за настаните од 27 април

Апелацискиот суд не ги прифати жалбите на осомничениот режисер Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и некогашниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски. Второстепениот суд одлучи да им го потврди притворот на Дамовски, Јовановски и Ѓошевски бидејќи апелациските судии утврдиле дека притворот е соодветна мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата.

Денеска беше одржана јавна седница на која нивните адвокати бараа укинување на притворот и одредување на поблага мерка или куќен притвор затоа што биле угледни луѓе и без прекршоци, а уште помалку пак да бидат обвинети за вакво кривично дело, осносно за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Актерот Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски прво добија куќен притвор а потоа Кривичниот совет им ја преиначи мерката во ефективен притвор. Во истражниот затвор во Шутка од вчера има 25 притворени за насилството од 27 парил, а меѓу нив се и тројца пратеници Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов.

 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе