Анкета: Младите имаат негативно мислење за Обединети нации поради недостаток на едукација

Идеолошкиот и аналитички центар при политичката организација Конзерватив МК, заедно со својот партнер и инстаграм профил Боемот спроведоа кратка онлајн анкета. Резултатите од анкетата покажуваат дека младите имаат негативно мислење за Обединетите нации, но тоа се должи на недоволната едукација.

Во продолжение погледнете ги резултатите на дел од прашањата:

Прашање 1: Дали младите во Македонија имаат доволен пристап до едукација за Обединетите нации и нивните структури?

Со ДА се изјасниле 129 гласа или 14% додека со НЕ се изјасниле 790 гласа или 86%.

Прашање 2: Какво е вашето мислење за Обединетите нации?

Со позитивно се изјасниле 317 гласа или 38% додека со негативно се изјасниле 506 гласа или 62%.

Прашање 3: Дали сте слушнале за програмата за здрава животна средина на Обединети нации?

Со ДА се изјасниле 249 гласа или 27% додека со НЕ се изјасниле 659 гласа или 73%.

"Негативното мислење за Обединети нации се должи на недоволна едукација" – вели Филип Ивановски, поранешен млад амбасадор на Обединетите нации за цела југоисточна Европа избран на 21 сесија на Младинското Собрание на ООН во Њујорк, САД.

Тој е магистер на престижната Манк Школа за глобални работи при Универзитетот во Торонто, каде што студирал дипломатија со посебен осврт на Европа и Русија.

„Поразителни се бројките кои ги добивме во нашата мини-анкета спроведена на социјалниот медиум Инстаграм. Профилите на Конзерватив МК како и Боемот се следени во најголем дел од млади особи до 35 години, па затоа можам да кажам дека резултатите од анкетата беа изненадувачко лоши. Ова најверојатно се должи на недостаток на адекватна едукација во нашиот образовен систем, кој целосно ги занемарува итните и важни прашања поврзани со опстанокот на нашата планета, како на пример глобалното затоплување и одржливиот развој на човештвото. Во таа насока, јавните медиуми можат исто така да играат важна улога преку давање поголем простор за едукативни програми на теми поврзани со работата на ООН. На овој начин, не само што ќе го подобриме мислењето за Обединетите нации, туку и ќе предизвикаме позитивни промени во нашето секојдневно однесување. Крајната цел е зголемување на свеста на нашите граѓани за врската на човекот со природниот свет и примена на нови навики кои ќе ја обезбедат нашата заедничка иднина“, вели Ивановски, еден од авторите на анкетата. 

"Да се работи во насока на подобрување на формалното и неформалното образование за здрава животна средина на државно и локално ниво", вели Василевски кој исто така учествува во изробатка на анкетата.

Стефан Василевски е дипломиран доктор по општа медицина, еден од најголемите меѓународни стипендисти на УКИМ како и поранешен потпретседател на најголемата студентска асоцијација за здравство и млади – Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации која работи под директно покровителство на Обединетите нации и Светската здравствена организација. Моментално е управител на Конзерватив МК.

„Здравата животна средина е една од најактуелните теми во светот. Тоа е така бидејќи директно влијае врз здравјето на луѓето преку разни видови на болести вклучително и непреносливите болести. Исто така, според најнови научни истражувања споделени на Светскиот економски форум, загадената средина влијае директно врз расположението и интелегенцијата. Додека светот се вклучува во активна борба на изнаоѓање на решенија за намалување на загадувањето, стимулација на биоекономија и обновлива енергија, намалување на CO2 емисија и редуцирање на останати полутанти, Македонија деновиве повторно е на врвот на најзагадените држави во светот“, вели Василевски. 

Обединетите нации имаат развиено посебна програма наречена United Nations Environment Programme (UNEP) која ги координира еколошките активности на организацијата и им помага на земјите во развој во спроведувањето на здрави еколошки политики и практики.

Исто така, оваа програма нуди целосна едукација за секоја индивидуа и прирачници како да се снајдете во една средина во однос на превенција од загадување, елиминација на истото но исто така и едукација за како да делувате во вашата локална средина. За жал само 27% од испитаниците слушнале за оваа програма.

Василевски повикува на поголема работа на општините и институциите во Македонија за подигнување на свеста за здрава животна средина преку формалното и неформалното образование и стумилација на едукација за локални и регионални проблеми и решенија. 

Исто така, младите да работат во насока на ширење на секој вид на информација од едукативен карактер помеѓу нивните врсници бидејќи темата не засега сите, сега, а уште повеќе на долг рок.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе