ПЕТИЦИЈА

Анима Мунди бара забрана за ритуалното колење животни

Невладината организација за заштита на животни „Анима Мунди“ бара да се забрани ритуалното колење на животни во Македонија бидејќи е спротивно на секој пропис за колење и убивање на животни, со оглед на тоа што животните  не се омамени или под седативи. Според „Анима Мунди“ овие ритуали  предизвикуваат огромен стрес, страв и  болка кај животните, што е спротивно на сите одредби од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Со поддршка на муслиманските сограѓани чувствителни на ваквото насилство, бараме без исклучок забрана на ритуално колење , како и мачење и убивање на животните во име на која било религија (пр. масовни колежи за време на христијанскиот празник Велигден кои секоја година ги осудуваме јавно и бараме да бидат забранети). Благосостојбата и заштитата на свесно суштество не смее никогаш да биде подредена на религиски барања или други традиции, апелира Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“. 

Во контекст на ова барање отворена е и петиција која може да ја потпишете на страницата на Анима Мунди.

„Ритуалното колење е брутално и најчесто се одвива во јавност, буквално пред очите на граѓаните, спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните. Затоа ги повикуваме институциите веднаш законски да го забранат овој чин на територија на Република Македонија“, стои во соопштението на оваа организација.Со тоа, како што се оценува, ќе се заштитат  граѓаните кои не сакаат да гледаат сцени на насилство.

„Мора и да се има на ум дека и муслиманските верски принципи велат дека животните треба да се третираат на сочувствителен и милостив начин. Денешните толкувања на овие чувства водат кон недвосмислено одбивање на практиката на ритуално колење од страна на многу муслимански и еврејски заедници, како и од страна на бројни муслимански заедници посветени на правата на животните и веганството“, тврдат од „Анима Мунди“

Реакцијата на невладината организација следи по објавени фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат заклани животни среде улица, пред сега веќе надалеку познатата Амдипашината џамија во Шуто Оризари пред големиот муслимански верски празник Курбан Бајрам. 

Закланите животни ги донирал пратеникот Амди Бајрам кој се пофали дека трите телиња биле вкупно тешки најмалку 800 килограми. 

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе