АМСМ: Влажни коловози и намалена видливост поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интинзитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража кој не се задржува на коловозот, ннформираат денеска од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Намалена видливост поради магла од 50 до 150 метри има на патните правци Лисец – Попова Шапка, Ѓавато, Крушево, Плетвар и Струмица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе