УТРОВО

АМСМ: Нема долги задржувања на граничниот премин Богородица

Нема подолги задржува и зголемена фрекфенција на автомобили на граничниот премин Богородица, информираат од АМСМ. Од таму утрово соопштуваат дека за влез во Грција се чека околу 15 минути од македонска страна и додаваат дека за разлика од вчерашното утро кога имаше голема фрекфенција на возила, денес интензитетот на возила е намален. 

И на останатите гранични премини за влез и излез од државава нема подолги задржувања, велат од АМСМ. Исто така, АМСМ  предупредува дека ќе има времен режим во сообраќајот  на одредени локации во земјава и тоа: поставување канделабри на делница Хиподром – Кадино, при што левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од три месеци.  Додека на патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ  препорачува секаде низ земјава да се вози многу внимателно поради можни одрони.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе