Двајцата бегалци излегуваат на слобода во Грција

Амнестијата на Иванов ги „спаси“ од екстрадиција Грујевски и Бошкоски

Двајцата бегалци, Горан Грујевски и Никола Бошковски за кои грчкиот Врховен суд денес донесе одлука да ја одбие екстрадицијата, ќе излезат на слобода во Грција. Според информациите на ТВ 24, главниот аргумент на грчкиот Врховен суд за да не ги екстрадира во Македонија била амнестијата која ја направи претседателот Ѓорге Иванов пред две години.

Оваа информација за ТВ 24, ја потврдил и адвокатот Петар Василев. Според неговите проценки, тие најверојатно од понеделник излегуваат од екстрадиционен притвор во близина на Солун, каде се сместени веќе осум месеци, по апсењето на солунскиот аеродром со лажни пасоши.

По излегувањето од екстрадиционен притвор стануваат слободни граѓани во Грција, но немаат право да ја напуштат земјата.

Тие таму чекаат и политички азил, за кој е закажано и рочиште следниот период, но ги чека и судскиот процес за лажните пасоши со кои се претставуваа како Христо Атанасов и Неџми Хасан.

Одлуката за да не бидат екстрадирани во земјава е правосилна и конечна вели адвокатот на разузнавачите, со што се отвора прашањето, како во земјава ќе тече судскиот процес за најголемата афера со прислушувањето без главните обвинети.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе