Закажано судењето за „Тортура“

„Алфите“ на крајот на февруари влегуваат во судница за апсењето на Бошковски

Поранешниот прв човек на единицата „Алфа" Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата на крајот на февруари ќе седнат на обвинителна клупа за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски. Основниот суд Скопје 1 за 28 февруари го закажа судењето за случајот „Тортура".

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство и според донесената одлука, ќе им суди само на шетмината од единицата „Алфа", но не и на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. На оваа одлука СЈО поднесе жалба и се Апелацискиот суд треба да пресече дали и Мијалков ќе влезе во судница заедно со припадниците на единицата „Алфа".

Ваквата одлука ја донесе судијката Моника Бахчовановска од Основниот суд Скопје 1, сопруга на Владимир Бахчовановски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на ПУИГ, Лотарија и на други јавни претпријатија.

Во предметот за апсењето на Бошкоски, во случајот „Кампања", првообвинет за тортура е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Второобвинет во овој случај е екскомандантот на „алфите", Ивица Антевски-Пуки. Сите седум обвинети се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.

 

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе