Активен пожарот кај Скопска Црна Гора, гори ниска мешана шума

Пожарот на Скопска Црна Гора што избувна денеска околу 13 часот сѐ уште е активен. Гори ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Поради силен ветер пожарот се шири од кумановска кон скопска страна и вечерва е видлив од Скопје.

Противпожарните екипи се на терен, а во текот на денот беше интервенирано и со авиони.

Командант на противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, за МИА изјавил дека акцијата продолжува утре со авијација, бидејќи авионите немаат опрема за ноќно летање.

„Пожарот е активен денеска од 13:15 часот на делот на кумановска страна и сега има ветер што го носи накај Скопје. Гореше ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Има дежурни екипи во координација со екипи на општина Гази Баба на страна на селата Раштак и Арачиново и се прати пожарот да не дојде до населено место. Авионите беа на располагање до 17:40 часот”, изјавил Симоновски.

Пожарот избувна на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе