Актерката Билјана Беличанец најдена мртва

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје. Од МВР потврдуваат дека нејзината смрт ја пријавил член на семејството синоќа околу 22.40 часот.

Според извори од истрагата, се работи за самоубиство со бесење. 

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

Нејзин матичен театар беше Драмскиот театар во Скопје.

Беличанец беше градоначалничка на општина Кисела Вода од 2013 до 2017.

Има две деца од првиот брак. Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.

Беличанец е добитник и на признанието „Мајка Тереза“ во 2012. година.

Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот ѝ даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе