СУШАТА ЌЕ ГИ ИСТРЕБИ РИБИТЕ ОД ЕЗЕРОТО

Ако вака продолжи, ќе мора да се дислоцира рибниот фонд во Калиманци

Рибниот фонд во Калиманци е пред истребување, сушата го испразни езерото. Алармантна е состојбата со подмладкот на крапот што беше измрестен пролетва. Езерото има сѐ помалку риба, а подмладокот го јадат поголемите риби.

„Ваква ситиација немало досега. Ние сме концесионери веќе 5 години, нивото е многу ниско и ако така продолжи, последиците ќе бидат големи и голем дел од рибниот фонд ќе биде уништен“, изјави Горан Стоименовски, претседател на СРД Шаран, Македонска Каменица.

Рибарите апелираат државата да преземе соодветни мерки за да се спаси рибниот фонд во езерото.

„Надлежните орани мора да излезат на терен, да видат и да преземат мерки. Ако вака продолжи ќе мора да се направи дислокација на рбниот фонд, тоа го дозволува законот“, кажа Стоименовски.

Моментално во езерото има 30 милиони кубни метри вода, а дневно се испуштаат по 50 сантиметри, додека дозволената граница е 70, информираат од водостопанство Брегалница. Оттаму потенцираат дека ваков сушен период немало последниве 30 години, а тие се обврзани да ја почитуваат нивната законска обврска, според која водата од браната е наменета првично за наводнување и заштита од полави, а потоа следуваат другите функции.

Празното езеро ќе го одложи годинешниот традиционален меѓународен рибарски супер куп.

Каменица.мк

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе