ПО СКАНДАЛОТ СО ИЗМАМЕНИТЕ СТУДЕНТИ

Агенцијата "Венера Кемаловски" доби забрана за работа од триесет дена

По скандалот во кој околу стотина студенти излегоа со тврдење дека се измамени за вработување во Германија, Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана на работата во работната просторија на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство со наплата ,,Венера Кемаловски’’ во траење од триесет дена. Од министерството за Труд и социјална политика соопштуваат дека ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Вонредните инспекциски надзори, велат од Министерството за труд и социјална политика  биле извршени на 5 јули  и на 14 јули по објавените информации дека група студенти биле измамени од страна на оваа агенција.

Околу стотина студенти пред неколку дена излегоа со тврдење дека биле измамени од агенцијата “Венера Кемаловски” која им ветила дека ќе ги вработи во бутик и во ресторан во Германија, но наместо вработување, велат, останале со празни џебови.

Студентите од агенцијата си ги бараат парите, околу 250 евра кои ги дале за аплицирање и документацијата која ја приложиле за работа во Германија, за која до сега требало да добијат дозвола и да заминат. Но, велат агенцијата ги извисила, а директорот Емран Кемаловски, иако ветил дека постојано ќе им биде достапен, не одговара на нивните повици и пораки.

 

 

 

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе