Кривичен суд

Адвокатите повторно го одложија „Тендери“, судијата ги предупреди да си најдат заменици

Во кривичниот суд во Скопје повторно беше одложено судењето за ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милеска и останатите обвинети во предметот „Тендери" на СЈО. Причина за одлагањето е тоа што адвокатите Еленко Миланов и Сашко Дуковски во исто време се на судење за предметот за собраниските насилства од 27 април. Судењето е презакажано за 17 октомври.

Во предметот „Тендери“, првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Судењето денеска требаше да продолжи со сослушување нови сведоци.

Претходното рочиште за „Тендери“, што требаше да се одржи на 25 септември, исто така, се одложи поради отсуство на бранителите на обвинетите. Судијата Осман Шабани ги извести обвинителите дека судот добил поднесоци од адвокатите Еленко Миланов и Сашо Дуковски дека двајцата се спречени да присуствуваат на судењето бидејќи се единствени бранители на неколку обвинети во случајот познат како „Настаните од 27 април во Собранието на РМ“, што е притворски предмет. Шабани ги опомена бранителите дека доколку во иднина побараат одлагање ќе бидат санкционирани и им порача да си овластат заменици. 

Според Кривичниот законик, доколку еден предмет што е почнат со судење и од едно до друго рочиште поминат 90 дена, треба да се започне одново, односно со презентација на материјални докази. Последното рочиште се одржа на 20 јуни, а следното што беше закажано за 13 јули се одложи поради болест на судијата Шабани. На 20 септември оваа година истече законскиот рок од 90 дена. Денеска Шабани треба да одлучи како ќе се продолжи со предметот.

Според обвинението дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа - Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе