Истрага

Администраторот и телефонските броеви на членовите на „Јавна соба” познати на полицијата

Полицијата го открила администраторот и ги има телефонските броеви на членовите на затворената група „Јавна соба” на социјалната мрежа „Телеграм” на која се објавувани фотографии со експлицитна содржина, пишува МИА, повикувајќи се на извори од истрагата.

Станува збор за околу 7.400 телефонски броеви на членови на „Јавна соба”. Истрагата ја води Бирото за јавна безбедност продолжува, но повеќе детали засега не се откриваат.

Претходно, МВР соопшти дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот со затворената група на „Телеграм” која споделувала фотографии и видео од девојчиња со интимна содржина.

„Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за расчитување на случајот. Секторот за компјутерски криминал и форензика веднаш контактира со мрежата „Телеграм”, со цел добивање на потребните податоци околу функционирањето на оваа група и воедно ги известивме за објавените содржини”, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

За случајот е известено и Јавното обвинителство и се преземаат мерки за расчистување, а МВР апелираше до граѓаните да пријават во полицијата злоупотреба на фотографии не само за овој, туку и за кој било друг случај.

Реакции за групата имаше вчера по социјалните мрежи. Според споделените информации на социјалните мрежи дел од фотографиите објавени во оваа затворена група се преземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска соддржина.

 

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе