БИТОЛА

50 години Битолски весник

Пред 50 години на 29 април 1964 година на 8 страници во предвечерието на големиот трудбенички празник Први Мај во Печатницата Киро Дандаро бил испечатен првиот број на Битолски весник. Поддршката од читателите и љубовта кон пишаниот збор според првиот човек на Битолски весник биле рецептот на успешното петдецениско опстојување на најстариот и единствен локален весник во Македонија.

„Во сите овие пет децении од излегувањето на првиот број на Битолски весник сите новинари, без разлика на која генерација припаѓаа при пишувањето ги водеше една силна љубов кон весникот и желбата секогаш да се пишува професионално, совесно и договорно“, изјави Менде Младеновски, директор на Битолски весник.

По повод 50 години од континуираното опстојувањето на Битолски весник вчера во Битола беше одржана свечена академија на која беа доделени плакети и благодарници за сите новинари, критичари, кулумнисти, карикатуристи, фоторепортери.

Еве што велат за Битолски весник некои од нив.

„Да се опсојува 5 децении не е едноставна работа. Битолски весник е најголем хроничар на градот. Да се говори за јубилеј од 5 децении значи да се говори за истрајност и упорност“, изјави Пеце Цветановски поранешен главен и одговорен уредник на Битолски весник.

 

„Петте децнии на Битолски весник, несомнено голем јубилеј во чиј мозаик се наредени камчиња на полувековните испишани хроники на сите градски пулсирања, неуморни трагања по вистината и совест на градот. Живите сведоци на оваа успешна приказна на најградскиот град во својата меморија за Битолски весник носат со себе многу згоди и незгоди, но и неостварени желби и пропуштени можности“, изјави Пеце Стефановски, поранешен директор и главен и одговорен уредник на Битолски весник.

ТВ Тера

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе