Култура

Останато од Култура

По повеќе објавени книги, денес во Скопје излезе од печат збирката поезија на Авдулах Рамчиловиќ на босански јазик „Идемо даље“. Ова е прва збирка на поезија од овој автор која излегува во нашата држава. Претходно, една од неговите збирки поезија е преведена на македонски јазик, односно збирката „Уште еден круг“. На овој начин авторот Авдулах Рамчиловиќ и неговата поезија оставаат траен белег и даваат голем придонес на бошњачката и македонската книжевност, како и книжевноста на регионот во целина.

05 Октомври 2020 - 10:54

„Матица македонска“ од Скопје ја објави книгата „Предизвици - автори, дела, настани“ од Раде Силјан. Во своето најново критичко-есеистичко дело авторот објавува педесет текстови пишувани во изминатите три децении  по повод конкретни настани и значајни датуми од македонската историја, јубилеи на заслужни дејци и современи личности од литературата и науката за фолклорот.

05 Октомври 2020 - 09:46

Културниот центар „Бран“-Струга и Меѓународната ревија за литература „Бранувања“, во  Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга, ја организираа манифестацијата “Послание во чест на писателот Петко Шипинкаровски (1946-2020)”. 

04 Октомври 2020 - 10:52

Во Скопје синоќа почна музичкиот фестивал „Андерфест”, а на првата вечернастапија The Smoke house, групата Fiction од Скопје, Voltage од Охрид. Главни изведувачи беа добро познатите Културно уметнички работници.

03 Октомври 2020 - 14:38

Возбудлива програма ќе има овој викенд на А1 драјв-ин (Drive-in) киното. По проекциите на оскаровецот „Паразит", семејната драма „Вистина" и данскиот „Уште една тура", овој викенд, почнувајќи од вечерва, посетителите ќе може да уживаат во уште три големи филмски наслови кои собраа повеќе десетици награди на голем број реномирани филмски фестивали.

02 Октомври 2020 - 12:19

Љупчо Петрески со ракописот „Лазарка“ и анонимен автор со „Мртвите знаат најдобро“ се победници на конкурсот за најдобар необјавен роман на годината „ПЕГАЗ“, кој веќе втора година по ред го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и фондацијата „Славко Јаневски“.

01 Октомври 2020 - 12:18

Од денеска до 7 октомври ќе се одржи централното одбележување на Еврпските денови на културното наследство, коишто во нашата земја годинава се фокусирани на темата „Културното наследство и училиштата".

01 Октомври 2020 - 08:23

Шестото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“/„Книжевни ѕвезди“ ќе се одржува цел месец октомври, со различни настани и активности. Слоганот на фествалот е „BOOKSTAR-20 vs. COVID-19“.

01 Октомври 2020 - 08:16

Со доделување на наградите за најдобрите, доцна синоќа беа спуштени завесите на 19-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.

30 Септември 2020 - 07:55

Имав 17 години кога почнав да размислував што сакам да правам, на 18 почнав да ставам сѐ на едно место, а на 19 години веќе го организирав првото издание на „Џифони Италија“. Кога имате 17 години, имате огромни очекувања и честопати очекувањата ги надминуваат сите логики. Од почетокот бев поврзан со идејата за фестивал за деца и да, многу сум горд на тоа што го создадов, но секогаш сум по малку незадоволен, бидејќи секогаш може да се направи повеќе. Имаме 50 години искуство, но живееме во сегашноста и мораме да размислуваме за иднината.

29 Септември 2020 - 20:43

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе